Санкционирани 28 возачи поради вградени неатестирани фолии во возилата

71

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 26 јули до 1 август спровело засилена контрола за санкционирање возила во кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 28 возачи.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.