Санкционирани 235 непрописно паркирани возила во Центар

33

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 235 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

 Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 15.11. до 21.11.2021 година, со помош на нивните специјални возила „пајак“ биле отстранети 127 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 108 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.