Санкционирани 192 возачи во Ѓорче Петров

60

Полицијата во текот на вчерашниот ден само на територијата на општина Ѓорче Петров изрече вкупно 192 санкции.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи за возење без возачка дозвола санкционирани се 28 лица, 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за прекршоци на мотоциклисти…

Засилените сообраќајни контроли, како што велат од МВР продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Извор:МИА