Санкционирани 184 непрописно паркирани возила во Центар

24

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција минатата недела санкционирало 184 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, на територија на општина Центар.

Како што информираат од ЈП ПОЦ, во периодот од 4 до 10 октомври, со помош на нивните специјалните возила „пајак биле отстранети 99 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 85 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.

а