Санкционирани 169 возачи во Скопје

19

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден при акциска контрола на МВР, изречени се 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 20 мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти МВР, изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 13 санкции за возење без возачка дозвола, осум  мерки за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас…

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.