Санкционирани 135 непрописно паркирани возила во Центар

33

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција за седум дена санкционираа 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од ЈП ПОЦ, во периодот од 10.05. до 16.05.2021 година, со помош на нивните специјални возила „пајак“, отстранети се 83 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 52 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот каде биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.