Санкционирани 113 возачи во општина Центар

93

Вкупно 113 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден на територија на општина Центар.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 17 санкции се за возење без возачка дозвола, девет за нерегистрирани возила, а останатите за други прекршоци.

Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените сообраќајни контроли.