Саниран плочникот пред Собрание  

160

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ го санираа плочникот на улицата „11-ти Октомври“ пред зградата на Собранието. Во изминатиов период работеа на реконструкција на оштетувањата на коловозот на скопските улици, санираа заштитна ограда од мостот „Тодор Александров“, а реконструираа и рабници и тротоари, како и пешачки патеки.

– Поставени се нови и заменети се оштетените столпчиња на улицата „Свети Кирил и Методиј“, поставени се платоа за забавување на сообраќајот на улицата „12-та Македонска бригада“, во близина на трговскиот центар во населба Лисиче, а на булеварот „АСНОМ“ поставени се нови цевки за кабли од семафорска инсталација.

На булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) отстранет е полупортален семафорски столб, а во населба Хиподром во тек е поставување на банкини покрај патот.

На улицата „Востаничка“ санирани се тротоари и поставени нови големи рабници, а екипите работат и на поставување нова вертикална, контрола на веќе постојната сигнализација и бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација – соопштија градските власти.