Сандро Гози близок соработник на Макрон, ќе ја отвори „Европската вечер“ на „Македонски концепт“

176

Македонски концепт започна промотивна кампања под мотото “За нормална држава”. Калин Митрески од политичка платформа „Македонски концепт“ , вели дека преку  оваа кампања  сакаме да ја информираме јавноста за нашиот активизам во овој момент и можноста за промоција на граѓански проекти во разни области, преку кои би се реформирале и државата и општеството.

„Кампањата ќе ги користи најмногу можностите на социјалните мрежи, но секако и останати методи како спотови во медиумите, билборди, средби со граѓани, трибини и сл. Во моментов сме фокусирани највеќе за Европската вечер, која ќе се одржи на 23 јануари во 19 часот во хотелот Double Tree by Hilton, каде ќе имаме можност да ги проследиме дел од проектите на наши сограѓани, а ќе се отвори и дискусија на темата “Како Европа да ја донесеме во Македонија”.

Европската вечер ќе ја отвори Претседателот на Унијата на Европски Федералисти на Европа, господин Сандро Гози, близок политички соработник на францускиот претседател господин Емануел Макрон, во име на таа политичка организација, но и во име на сите пријатели од Европа, кои посветено работат на наша успешна интеграција во ЕУ. Програмските проекти кои ќе ги промовираме, ќе бидат најголем аргумент на сите Вас, граѓаните на македонската Република, да се вклучите во нашите активности, со цел полна и безкомпромисна европеизација на нашата држава и општество, истакна Калин Митрески од политичка платформа „Македонски концепт“ .