„Самрленд“ ќе завршува еден час порано

121

Град Скопје донесе одлука да го скрати за еден час траењето на активностите на летната манифестација „Самрленд“што се организира во Градскиот парк.

Одлуката доаѓа по добиеното барање од група граѓани од Дебар Маало во однос на бучавата од настаните кои се организираат на „Самрленд“.

– Така, наместо до полноќ, програмата секоја вечер ќе трае до 23 часот, а истата ќе се одвива и со намалена гласност. Целта на манифестацијата „Самрленд“ е во текот на месец јули да понуди интересни забавни содржини  и активности за сите возрасти во Градскиот парк – информираа од Град Скопје.