Само пет гола го делат Роналдо од светскиот рекорд

68

Репрезентацијата на Португалија синоќа во Лисабон го совлада Израел со 4:0 во пријателски натпревар. Вториот гол го постигна Кристијано Роналдо. Тој има 43 гола на последните 42 натпревари за Португалија.

Вкупно, Роналдо има 104 гола за националниот тим. На репрезентативно ниво, само екс-иранскиот напаѓач Али Даеи има повеќе (109).

Така, за да го достигне светскиот рекорд, на Роналдо му недостасуваат уште пет гола.

Еден од најдобрите фудбалери на светот, шанса да стане апсолутен рекордер ќе има на претстојното Европско првенство. Неговата репрезентација ќе игра во Ф-групата заедно со Германија, Франција и Унгарија.