Само „нека е весело“! Еквадор со песна го дочека коронавирусот/ВИДЕО

314

Еквадор од саботата е на мапата за регистрирани земји во кои е забележан првиот случај на коронавирус. Но, невообичаено, земјата го дочека смртоносниот вирус со песна. Насловена како „Коронавирус“ нумерата дури има и видео спот.

Во спотот, медицински лица танцуваат и низ игра ги пренесуваат препораките на властите за заштита од вирусот, особено најважното хигиената и начинот на миење на рацете.

Песната за само неколку часа стана вирален хит, масовно се споделува, а прегледите на спотот веќе надминуваат милион.