Само „лудакот“ Манчини веруваше

87

Крилниот напаѓач на Италија, Фердерико Бернардески, откри дека пред три години, само селекторот, Роберто Манчини, верувал дека неговиот тим може да биде дел од финалниот натпревар.

  • Имаше еден „лудак“ кој пред три години веруваше дека можеме да бидеме каде што сме денес, а тоа е нашиот селектор, Роберто Манчини. Тој секогаш веруваше во нас. Вистина е кога кажува дека ова е тим со 26 играчи, тоа го кажува затоа што ова е прекрасна група. Ова е резултат од напорната работа на сите играчи, сите кои се дел од репрезентацијата. После периодот на мачење, кога патевме, дојде периодот на нешто прекрасно, изјави фудбалерот на Јувентус.