И во време на пандемија, Марјан Коцев не ја губи смислата за сатира!

Корона ситуацијата сè повеќе се комплицира и во светот, авионите и понатаму не летаат, рестораните во големите светски метрополи се затворени, пејачите немаат работа. Еве и за Нова година ќе останеме дома. Приморани сме. Како ќе биде понатаму ќе видиме, ова е страшно, многу загрижувачки….

Популарниот пејач Марјан Коцев го слушнавме неодамна на кумановскиот шегобиен фестивал “Тумба фест“, со шегобијната песна “Жута љута”. Веднаш после фестивалот, оваа необична песна, иако е на кумановскиот дијалект, веќе ја освои публиката со својот сатиричен текст, а самиот Марјан во шега вели дека жута лута таман се погоди за оваа корона ситуација. – Гарант го убива вирусот, не дозволувајќи му тој нас да нè убива, бидејќи и онака за овие шест месеци короната направи пустош на естрадата, објаснува Коцев за весникот “Вечер“/vecer.press
Но и Марјан, како и неговите колеги, веќе подолг период нема работа, а го видовме неодамна и на протестот на музичарите пред владата на Македонија. Сепак надежта не ја губи, таа последна умира.

-Многу ми недостига жив контакт со публиката, како и со нашите иселеници во Австралија, Канада и Америка. Изгубивме толку многу сите ние на естрадата што не може со зборови да се опише. Тоа што владата ја даде паричната помош тоа е убава работа од нивна страна, значи дека мисли на музичарите, но тоа не е решение за подолг период. Корона ситуацијата сè повеќе се комплицира и во светот, авионите и понатаму не летаат, рестораните во големите светски метрополи се затворени, пејачите немаат работа. Еве и за Нова година ќе останеме дома. Приморани сме. Како ќе биде понатаму ќе видиме, ова е страшно, многу загрижувачки. Некој вели, да ја смениме професијата ние пејачите. Убаво е да се каже тоа така напамет, а што е тоа што би работеле?

Без да навредам било кого, дали да бидеме например дистрибутери по маркети или разнесувачи на пратки, мијачи на чаши, улични чистачи, што? Тие што така велат, би можеле и тие да си ја сменат професијата, па да видиме на што сме сите заедно. Но за да нема тензии, да веруваме дека до пролет оваа чума ќе исчезне од нашата планета и ќе им се вратиме на настапите, концертите, свадбите, турнеите, објаснува Коцев кој покрај настапот на кумановскиот фестивал го видовме и на фестивалот “Летен фолк хит“. Наредниот месец ќе пее традиционално и на “Роса фестивал“ кој и покрај короната ќе се одржи во Скопје со сите мерки за заштита од вирусот.   Д.М.