Само дома си е дома:Готвачот Антонио Јанковски се врати од Дубровник

401

Своевремено имаше мошне гледана кулинарска ТВ-емисија на ТВ Канал 5, многумина го споредувале со светски познатиот готвач Џејми Оливер, но тој среќата ја побара надвор од Македонија, сега е пак тука, во Скопје и размислува повторно за некоја нова ТВ-емисија за готвење.Како вкусна конкуренција на веќе постоечките.

Сигурно ви текнува на познатиот македонски готвач Антонио Јанковски, кој преку храната, готвењето и своите врвни специјалитети на секаде низ светот ја славеше македонската кујна. Имаше и своја гледана емисија за готвење на ТВ Канал 5. Но и ако беше така, Антони наеднаш се повлече, самиот се презасити од сето тоа, па посакувајќи некоја добра промена замина за Дубровник на Јадранско Море во елитниот ресторан „Ципарис“. Сега е пак во Скопје, како главен шеф во хотелот “Ми-Каса“ на скопското Кале.

Инаку, животот никогаш не му бил лесен. Како мал оставен од таткото живеел со мајката. Научил да готви и со тоа се занимава цел живот. Своевремено во нашата јавноста, а поради самата популарност на Антонио одекна веста дека е болен од карцином и дека нема свој покрив над главата. За целосната помош тогаш му се обрати Боки 13, но сепак остана нејасно како заврши таа негова голгота и со болеста и со помошта од Боки 13?

Во меѓувреме Антонио, како голем борец кој не им се предава на тешкотиите, добро се снајде во Дубровник, а еве сега повторно е во Скопје. Снаодлив како секогаш! И успешен. Тие што се уште ги обожаваат неговите рецепти, а се во голем број, со нетрпение чекаат и една нова ТВ-емисија кулинарското ТВ-шоу на овој познат македонски готвач.  Д.М./foto:YT/