Само две недели откако ја објави пресудата за „Титаник 2“: Почина судијата Огнен Ставрев

2091

Судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд, кој го судеше предметот „Титаник 2“, почина на 63 годишна возраст, само две недели откако ја објави пресудата за случајот.

Тој за судија беше избран во 1999 година, и 25 години судеше во двата скопски основни судови. Судијата имаше висока репутација, важеше за професионален и беше почитуван од неговите колеги и јавноста.

Судијата Ставрев судеше и други предмети познати во јавноста, како што се , „ТНТ“, „Монструм, „Фаланга 2“, итн.