Само Данска ја победи Англија на „Вембли“ во изминатите две години

36

На „Вембли“ во Лондон вечер ќе се одигра полуфиналниот натпревар на Европското првенство 2020 помеѓу репрезентациите на Англија и Данска. За Британците, оваа средба ќе биде 14-та на стадионот „Вембли“ во изминатите две години.

На претходните средби, тимот на селекторот Герет Саутгејт извојува 11 победи со вкупен резултат 33:2, ремизираше со Шкотска, а загуби само од Данците.

Скандинавците победија на мечот во Лигата на нации минатиот октомври. Единствениот погодок тогаш го постигна Кристијан Ериксен, кој го заврши ЕВРО 2020 пред предвидениот рок, поради проблеми со срцето.

Почетокот на натпреварот Англија – Данска е во 21 часот.

Прв финалист на ЕВРО 2020 е Италија.