Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, е казнет со 40.000 долари поради хомофобичните коментари на видеото објавено на социјалните мрежи, објави НБА. Видеото беше објавено минатата недела, а неколку часа по објавувањето, 21-годишниот кошаркар се извини.

-Она што го кажав беше незрело, навредливо и непочитување и неверојатно ми е жал. Ова е неприфатливо… Нема оправдување, јас сум воспитан подобро од тоа, се правдаше Едвардс.

Тој доби критика и од легендарниот кошаркар Карим Абдул-Џабар.

  • Би било лесно ова да се сведе на незрелоста на Ентони Едвардс, бидејќи тој има само 21 година. Проблемот е што видовме премногу познати спортисти и сопственици кои се на насловните страници ширејќи расизам, сексизам или хомофобија. Тоа многу му штети на спортот воопшто и на тимот и го овековечува стереотипот за глупав и гаден спортист, рече Абдул-Џабар на својот блог.

Ова е последен во низата скандали во НБА-лигата, откако сопственикот на Феникс, Роберт Сарвер, беше суспендиран на една година поради расистичко и мизогинско однесување.

НБА ги казнуваше играчите за хомофобични изјави во минатото, вклучувајќи ја и казната од 50.000 долари на Кевин Дурент минатата година и суспензијата на Раџон Рондо од еден натпревар во 2015 година.