Сали ја презеде функцијата министер за здравство од Филипче

    30

    Беким Сали денеска од Венко Филипче ја презеде функцијата министер за здравство.

    – Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

    Сали, кој е доктор по стоматологија, од 2009 до 2010 година ја извршуваше функцијата шеф на Кабинетот на тогашниот министер за здравство и беше претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

    На локалните избори во 2021 година тој беше кандидат за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Алтернатива.