Сали: Знаеме дека има незадоволство кај сестрите, меѓутоа системски работиме на решавање на нивните барања

20

Знаеме дека има потешкотии, знаеме дека има незадоволство, меѓутоа систематски работиме едно по едно да ги решаваме нивните барања, истакна министерот за здравство Беким Сали на денешното одбележување на Меѓународната недела на сестринството, осврнувајќи се на барањата на медицинските сестри.

Тој посочи дека е формирана работна група која подготвува нов закон за сестринство на предлог на Здружение на сестри. Сали додаде дека од Здружението го добиле драфт-текст којшто тие го подготвиле и со вработените во Министерството, од секторот правни работи се координираат за понатамошното работење околу законот за сестринство.

– Знаете ние во континуитет инвестираме во подобрување за условите на работа како за медицинските сестри така и за сите вработени во здравството. Сега очекуваме во јули месец покачување на платите, тоа е скалестото покачување коешто е договорено со Синдикат за здравство и сите останати синдикати.

Овие две мерки што ги кажав се дел од сите нивни барања за унапрадување на условите за работа и причините за останување во земјата, потенцираше Сали.