Според министерот  за здравство Беким Сали во моментов епидемиолошката состојба е добра, но се додека на дневна основа бројките на новозаразени се од 80 до 90 пациенти, маски ќе се носат во сите здравствени установи, во аптеките, во јавниот превоз, такси превозот  и во старските домови.

Сали вели дека Комисијата за заразни болести во периодот што следи ќе направи симулација за можна појава на петти бран на Ковид-19,  но главно таа ќе се фокусира и на лекување пациенти со постковид компликации.

-Комисијата ќе продолжи со работа,не со истото темпо, но со планирање како да се справиме со постковид состојбите кај пациентите што го прележале вирусот- нагласи Сали  и дополни дека се уште  не е утврдено дали ќе биде еден објект, една клиника во кој ќе се третираат сите посковид компликации или повеќе клиники за  одредени пациентите.

(В.Ма.)