Ливерпул го совлада Арсенал со 3:1 вечерва во натпревар од третото коло од Премиер лигата. Најзаслужен за победата на „црвените” беше Мохамед Салах кој постигна два гола. Првиот погодок за домаќините го постигна Жоел Матип.

Единствениот гол за гостите од Лондон беше дело на Лукас Тореира.

Ливерпул со максимални 9 бода е на првото место на табелата во Премиер лигата. Арсенал остана на 6 бода и во моментов е втор.