Салах повторно се вади на управата

84

Најдобриот голгетер во дресот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, Мохамед Салах, уште еднаш повтори дека неговиот престој на „Енфилд“ зависи од расположението на клупските челници. Се погласни се шпекулациите дека челниците на Ливерпул сакаат да стават кај на соработката со египетскиот интернационалец на крајот од актуелната сезона. Пред неколку недели Салах изјави дека му се допаѓа идеата еден ден да го облече дресот на Барселона или тој на Реал (М).