Салах е на продажба

178

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, е убеден дека актуелниот светски и европски клупски шампион е расположен за продажба на египетскиот интернационалец Мохамед Салах.

  • Мислам дека нема ниту теоретски шанси кога е во прашање можната продажба на Алисон или Ван Дајк. Сепак, ако има понуда од 130 мил. фунти за услугите на Салах, тогаш раководните лица на Ливерпул ќе седнат на преговарачката маса. Јас така мислам, но не знам како точно размислуваат челниците на Ливерпул, изјави Карагер.