Салата од рукола и туна

100

Потребни состојки:

околу 50 г рукола

4 маринирани мали пченки (од конзерва)

60 г маринирани шампињони

1 конзерва туна во солен раствор

1 помала свежа краставица

маслиново масло

сол

Подготовување:

– Руколата исчистете ја и измијте ја убаво под млаз вода. По потреба исечкајте ја на поситни парчиња.

– Пченката исечете ја на тркалца, а шампињоните на листови. Туната

исцедете ја од маслото од конзерва. Краставицата излупете ја и исечкајте ја исто така на мали коцки.

– Сите состојки ставете ги во чинија за сервирање, измешајте ги убаво за да се измиксаат состојките и посолете по вкус, прелијте со маслиново масло и уште еднаш полека измешајте.

– Пред да ја сервирате, оваа салата оставете ја малку да се излади во

Фрижидер.