Сакате да крадете од хотели? Погледнете и д-о-о-о-б-р-о размислете /Видео/

184

Едно семејство индиски туристи цел живот ќе го паметат годинешниот летен одмор. Тие се најдоа во прилично непријатна ситуација напуштајќи го хотелот во Сукавати на островор Бали.

Имено, персоналот на хотелот сфатиле дека во нивната вила недостасуваат неколку предмети па повикале полиција, а полицијата ја открила и снимила тајната страст на непристојните туристи.

На снимката се гледа како еден вработен од хотелот во присуство на полицијата сопира девет туристи, а по пребарувањето во нивните торби пронаоѓа крпи и други предмети од бањата од луксузната вила во која престојувале. Еден од туристите се лути оти доцни на авионскиот лет, а една жена вика: „Можам да платам!“

„Објаснете го ова“, вели вработениот во хотелот додека од торбата вади кошница од бањата и други предмети. Додека туристите се обидуваат да се извинат, вработениот им одговара: „Престанете. Не се работи за пари. Знам дека имате многу пари. Ова е непочитување. Ќе дојдете на Бали и крадете без ниту трошка почит“.

Полицијата од Сукавати подоцна на Фејсбук ги сподели фотографиите од украдените предмети, меѓу кои има фен за коса, сад за сапун и закачалки за облека.