Шампионот на ВБЦ во бокс во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, изјави дека би сакал да организира 12 борби за 12 месеци следната година и, најверојатно, нема да се бори со светскиот шампион Александар Усик.

Фјури ќе ја брани титулата во ВБЦ против Дерик Чисора во Лондон, на стадионот на Тотенхем хотспур, на 3 декември. Тој сака да организира кампања од 12 борби за 12 месеци во 2023 година и се надева дека секоја цел може да биде појасот на ВБЦ.

– Би сакал 12 борби следната година. Ќе седнам со Френк Ворен по оваа борба и ќе видиме што можеме да направиме, дали можеме да одиме на случајно одбрани места и да се бориме со некого. Ќе одиме во Кина, Австралија, Индонезија, Африка, само за борба со локалното население – изјави Фјури за „Скај“.