Американската боксерка Џесика Мекаскил ги одбрани титулите ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО, ИБО во категоријата до 67 килограми, откако нејзината предизвикувачка Алма Ибара одби да влезе во четвртата руднаг. Ибара претрпе доволно ќотек во првите три рунди, а потоа во паузата пред четвртата рунда реши да го предаде мечот. Таа остана на столот и му објасни на тренерот во нејзиниот агол Хавиер Капетил дека нема намера да го продолжи натпреварот.

  • Не, не, не. Само сакам да се вратам жива дома, викала таа, одбивајќи да ја продолжи борбата, пишува шпанска „Марка“.