Еден од најдобрите НБА кошаркари, Чарлс Баркли е познат по тоа што нема „влакна“ на јазикот, а така беше и овој пат.

Важеше за еден од најконтроверзните играчи и на теренот и надвор од него, а сега работи како коментатор на НБА натпреварите.

Поранешниот МВП на НБА лигата од 1993 година направи вистинска бура на социјалните мрежи. Баркли разговарал со голферот Фил Микелсен и во таа прилика рекол дека пред да умре сака да ги потроши сите пари што ги има и да умре сиромашен за да не остави ниту долар на семејството.

  • Сите знаат дека сакам да се обложувам и останато. Сакам да бидам без пари кога ќе умрам. Не сакам да ги дадам сите мои пари на моето семејство. Цел живот се грижев за нив. Сакам да бидам во урнатини. Сакам да бидам во целосна беда при последниот здив, изјави Баркли.

Според податоците од Интернет, неговото моментално богатство се проценува на околу 50 милиони долари. За време на кариерата во Филаделфија, Феникс и Хјустон заработи повеќе од 43 милиони долари.