Сакам да останам подолго

37

Трофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола, почна да ја одработува последната година од договорот кој го има со англискиот премиерлигаш Манчестер Сити. Не е тајна дека „граѓаните“ сакаат да ја продолжат соработката со Шпанецот кој исто така призна дека сака да остане на „Итихат“ уште неколку сезони. Сепак, англиските медиуми открија дека двете страни се уште не седнале на преговарачката маса и дека Пеп не ги открива своите планови кога е во прашање блиската иднина.