Иако е на добар пат, да не ја исполни главната цел, пласман во Лигата на шампиони, тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, се надева дека и во новата сезона ќе престојува на „Сан Сиро“.

Во претпоследното коло од актуелната сезона, Милан славеше против Фросиноне со 2:0 и ги задржа шансите за 4. место кое обезбедува учество во ЛШ.

  • Овој натпревар беше тежок. Знаев дека Фросиноне ќе игра без никаков психолошки притисок, а тогаш е најлесно. Ние бев под императив да ги освоиме трите бода. Благодарам Донарума, нè спаси од проблеми. Се надевам дека ќе останам во Милано. Во секој случај ќе ја продолжам мојата кариера. Можам да бидам подобар, изјави Гатузо за „Фудбал Италија“.