Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џавел Мекги, изрази желба да биде дел од тимот на САД кога се во прашање Олимписките игри, се со цел да се изедначи по бројот на титули со својата мајка – Памела.

Мекги е на поширокиот список од 44 играчи, кој го објави селекторот Грег Попович во понеделникот, но конкуренцијата за место меѓу најдобрите е голема. На поширокиот список на центарската позиција се наоѓаат уште и Андре Драмонд, Двајт Хауард, Мајлс Тарнер, Бам Адебахо, Монтрез Херел, Мејсон Пламли, Мајлс Тарнер, Брук Лопез.

  • Таа ја освои титулата ВНБА, јас во НБА. Таа го освои златниот медал на Олимписките игри, па ако го сторам тоа со репрезентацијата, ќе се изедначиме, истакна Мекги.

Џавел ја освои шампионската титула во НБА лигата во 2018 година како член на Голден стејт, додека неговата мајка го освои трофејот со Лос Анџелес Спаркс.

Памела Мекги беше член на шампионскиот состав на САД во 1984 година на Олимписките игри во Лос Анџелес, а двапати беше шампион во НЦАА, а нејзиниот број 30 беше повлечен во нејзина чест во тимот на УСЦ Тројанс.

Исто како и Џавел, така и Памела играше на центарската позиција.