Стефанос Циципас ќе игра на Ролан Гарос, по својата прва грен слем титула, со оглед што овој турнир му „лежи“ за што потврда е пласманот во финалето пред две години, кога загуби од Новак Ѓоковиќ.

Тој сега не игра ниту приближно како тогаш, но формата му е во нагорна линија и очекувањата ми се високи, особено што годинава нема да игра Рафаел Надал

-Сакам еден ден да станам тенисерот кого сите на планетата ќе го мразат. Ова го мислам во најпозитивна смисла, бидејќи ќе значи дека ќе треба да почнам да победувам  да ја остварам целта, со оглед што кога станувате победник станувате и непопуларни. Погледнете го примерот со Новак Ѓоковиќ, изјави Циципас.