Сакаме да ги освоиме Ла Лига и ЛШ

30

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен изјави дека сака да се доигра сезоната во Ла Лига и Лигата на шампионите и неговиот клуб да дојде до трофеите.

  • Сакам да се вратиме во нормала. Она што се случи, влијаеше на секој од нас. Кога ќе се вратиме на тренинзи, ќе работиме на тоа што не можевме да го направиме дома. Ги бркаме трофеите во Ла Лига и Лигата на шампиони. Би сакале да ги одиграме сите натпревари во првенството и да славиме на истите. Истото важи и за Лигата на шампион, изјави Сетиен.

Каталонците се лидери на табелата во шпанската Ла Лига со два бода повеќе од второпласираниот Реал. Барселона го одигра првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи (1:1).