Поранешната  големата надеж на австралискиот тенис, Дестане Ајава,  минуваше низ голема криза иако требаше да ги има најдобрите играчки години пред себе. Најдобриот пласман го постигна во септември 2017 година, кога беше 147. тенисерка во светот. Таа моментно е на 446 место, а на Инстаграм откри низ што поминувала и колку малку фалело да се самоубие.

-На Велигден во неделата на 17 април сакав да се фрлам од мостот. Поминаа тројца мажи, ме извлекоа и ме однесоа дома. Не сакав да го прославам мојот 22 роденден, но знаев дека моето семејство и пријателите ќе бидат среќни бидејќи знаат дека сум жив и тој момент, тоа сознание, беше посебен за мене. Понекогаш луѓето на кои ќе наидеш во животот можат да направат нешто за да се чувствуваш недостоен да бидеш сакан, но на крајот научив: Бог е милостив и нема да дозволи да бидеш искушуван над твојата моќ, туку ќе им даде излез на твоите искушенија, можеш сето тоа да го издржиш. Ви благодарам на сите за поддршката, напиша неодамна на Инстаграм 22-годишната Ајава.

Таа не ги објасни причините, но и од нејзините подоцнежни објави може да се заклучи дека кризата низ која минувала е зад неа и дека ужива во секој нов ден. Таа на 10 мај го прослави својот 22 роденден во друштво на пријателите и семејството и ужива во животот.