Сакаа да основаат семејство и посвојат бебе, но…

170

Легендарниот австралиски пливач, Јан Торп, во едно интервју призна дека е хомосексуалец, но повеќето странски медиуми сега пренесуваат дека славниот спортист се разделил од своето момче.

За сексуалната определба на Торп се зборуваше во текот на целата негова кариера. Тој во својата автобиографија наведе дека „не е хомосексуалец и дека сите негови сексуални искуства биле стрејт“.

  • Ме привлекуваат жени, сакам деца и сакам да створам фамилија еден ден… Знам како изгледа кога ви говорат што всушност сте, а потоа сфаќате дека тоа не е реалност. Опкружен сум со помислата дека сум геј, наведе Торп во автобиографијата.

Торп, кој е еден од најпознатите спортисти во Австралија, се обидувал да се навикне на новиот живот по пливачката кариера и да се избори со неуспехот во квалификациите за Олимписките игри во 2012 година, а потоа излезе шокантната информација дека пливачот е во врска со Рајан Ченинг.

Сега, австралиските медиуми се загрижија за тоа дека парот кој имаше план да посвои дете – се раздели. Повод за ваквите тврдења е фактот дека Рајан повеќе не го следи Торп на социјалните мрежи.

  • Јан и јас би сакале да станеме родители. Но, за жал законите во Австралија се комплицирани што се однесува до посвојување на дете од сурогат мајка за хомосексуалните парови, додека во Калифорнија тоа е легално, истакна неодамна момчето на Торп.

Инаку, Јан на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година и Атина 2004-та освои дури девет медали во трките во слободен стил, од кои пет златни, три сребрени и еден бронзен медал. Исто така од Светските првенства има 11 златни медали, што го прави трет најдобар пливач во историјата. Пред него се само Американецот Мајкл Фелпс со 26 злата и Рајан Лохте со 15 најсјајни одличја.