EPA-EFE/JASON SZENES

Еден од подобрите кошаркари во НБА лигата, Бен Симонс, минатото лето на грд начин го напушти тимот на Филаделфија – во расправија со соиграчите и претставниците на клубот. Причината за разделбата беа нарушените односи, а се кулминирало во следниот меч во полуфиналната серија во Источната конференција, кога Симонс имаше чиста ситуација во рекетот да поентира, но ја додаде топката до соиграчот Матис Тибул, кој на крајот не успеа да даде кош.

Атланта се одбрани и на крајот ја елиминираше фаворизираната Филаделфија, од која Симонс си замина по шест години неуспешен проект да изгради тим околу него и Џоел Ембиид кој ќе игра во големото финале и ќе се бори за титулата. Токму таа ситуација никогаш не му била простена на одличниот плејмејкер, а сето тоа го откри во еден поткаст.

  • Во еден момент се свртев и претпоставив дека Треј (Јанг) побрзо ќе дојде до мене, па решив да ја додадам топката и тој да забие. Се се случи толку брзо што морав веднаш да ја „прочитам“ ситуацијата, а во плејофот мора да се носат експресно одлуките. Знам дека изгледа ужасно. Сега кога ќе погледнам назад, требаше да ги разнесам сите во таа ситуација. Но, тоа не се случи. Морам да живеам со тоа. Сите сакаа да ме убијат за тој потег, додаде Симонс, поради што ја натера Филаделфија да ангажира психолог за него.