Отвореното тениско првенство на САД стартува на 31. август, а на него ќе му претходи мастерс турнирот Синсинати, кој оваа година ќе се игра во Њујорк.

Меѓутоа она што ги загрижи тенисерите и новните тимови е формуларот за согласност кој мора да го потпишат играчите и членовите на нивните тимови, кои ќе одлучат да допатуваат во „Големото јаболко“.

Овој формулар ги ослободува организаторите од секаква одговорност ако некои од играчите или нивното блиско семејство и челеновите од тимот се зарази до „Ковид19“ за време на турнирот.

-Целосно сум свесен за ризикот од влегувањето во Националниот тренинг центат и комплексот Били Џин Кинг за време на пандемијата со коронавирусот. Знам дека постои ризик по влегувањето во комплексот да се заразам со корона, а знам дека постои ризик  и за моите блиски соработници и семејството. Свесен сум и дека протоколот за „Ковид 19“ нема во целост да ме заштити мене и моите најблиски да се заразиме на турнирот. И покрај тоа што го знам сето ова го прифаќам ризикот дури и ако држам социјална дистанца. Разбирам и дека ова е одрекување на одговорност на организаторите ако се заразам со корона и согласен сум да живеама со тоа. Оваа фрома на одрекување е задолжителна за мене, челновите на семејството и тимот, односно моите наследници и лични застапници доколку бидам мртов, се наведува покрај останатот во формуларот кој ги штити од одговорност организатрите.

Пред еден месец организаторите на САД Опен одржаа пресконференција на која се зборуваше на оваа тема. Директорката на турнирот Стејси Алистер и докторот Брајан Хејналн одговараа на прашањата дали тенисерите ќе мораат да потпишат вакво ослободување на организаторите од одговорност.

-За тоа не сме разговарале на нивото на Управниот одбори Тениската федерација. Мислам дека играчите нема симисла да потпишуваат такво нешто, бидејќи тие ризикуваат да добијат ковид на многу различни начини. Многу е мала веројатноста дека тоа ќе се случи на САД Опен, изјави тогаш Хајнал.