Саем за безбедност за превенција на кражби во тек на летото

177

Анализата на МВР покажува дека голем број од кривичните дела во текот на летото се вршат поради недоволна грижа и внимание како за личната безбедност така и за имот од страна на самите граѓани. Како причини кои се јавуваат за појавата на овие кривични дела големо влијание има општествено – економските прилики и современиот начин на живот. Последиците кои произлегуваат од извршените кривични дела се: одземање на вредни предмети (пари, накит, документи).

Со цел намалување на бројот на кривичните дела од овој вид, а со цел подигнување на свеста кај граѓаните во соработка со полицијата и преземање на мерки за самозаштита и секако намалување на материјалата штета од овој вид на криминалитет, од вчера до 14 овој месец се одржува првиот Саем за безбедност и превенција во Скопје во ТЦ „Сити Мол“. Саемот се одржува под мотото „Живеј безбедно“ со цел, превенција на криминалот и едукација на граѓаните за спречување кражби во куќи и станови за време на летниот период. Саемот го организираат МВР, СВР – Скопје, Одделението за превенција во соработка со Комората за приватно обезбедување и „Скопје Сити Мол“.

Граѓаните на едно место ќе имаат можност да се запознаат со програмата на СВР –  Скопје и услугите што инстутициите и компаниите ги нудат за помош и самозаштитита покрај редовното полициско работење и превентивните активности на работа на полицијата во соработка со заедницата.

– Криминалот може да се случи, но може и да се спречи – велат од МВР.