САД ја одобрија „првата фаза“ од трговскиот договор со Кина

46

Американскиот претседател Доналд Трамп, во присуство на потпретседателот Мајк Пенс и Лу Хе, вицепремиер на Државниот совет на Кина, ја потпишаа денеска таканаречената „прва фаза“ од долгопреговараниот трговскиот договор со Кина, соопштија од Белата куќа.

Новиот трговски договор со Кина беше причина за таканаречената „трговска војна“ меѓу Вашингтон и Пекинг. Иако има уште неколку области за преговарања, како на пример тарифите, за некои републикански коментатори денешното потпишување е „историски чин“.

Овој договор е една од ретките политики на претседателот Трамп едногласно одобрена од неговите опоненти, демократите во Конгресот.

Според него, Кина се обврзува да спроведе значајни реформи во низа клучни области и во наредните две години да откупи од САД стоки во вредност од 200 милијарди долари. Договорот е заснован на сигурен систем за регулирање на спорови за нивно брзо и ефективно решевање и придржување на начелата на договорот.

Испочитувани се области како заштита на авторски права, запирање на принуден трансфер на технологии, зголемување на обемот на закуп на американски земјоделски производи, симнување на бариерите за американски финансиски услуги, стоп за манипулацијата со курсот на јуанот и запазување на балансот во трговските односи меѓу САД и Кина, како и регулирање на споровите.

Покрај Трамп и Пенс, на потпишувањето денеска присуствуваа и Мик Молвејни, шеф на персоналот, Роберт О’Брајан, советник по национална безбедност и многу други истакнати претставници на Администрацијата и на Конгресот.