САД ставаат крај на строгите мерки: Од 8. ноември ги отвораат границите

56

Соединетите американски држави во петок објавија дека ќе ги отворат своите граници за целосно вакцинирани патници на 8 ноември.

Оваа одлука претставува крај на строгите рестриктивни мерки поради пандемијата на корона вирусот, кои беа воведени за сите патници во март 2020 година, пренесува Би-Би -Си.

Она што во моментов е на сила, а тоа е правилото да се забрани влез на неамерикански државјани од Обединетото Кралство, неколку европски земји, Кина, Индија, Јужна Африка и Бразил.