САД: Сите опции се во игра поради зголемената руска војска во близина на Украина

161

Сите опции се во игра за тоа како да се одговори на „големото и невообичаено“ трупање на руска војска околу границата со Украина, а НАТО алијансата ќе одлучи кој ќе биде следниот чекор по консултациите следната недела, изјави синоќа висок американски дипломат за европски прашања.

-Како што можете да разберете, сите опции се на маса, изјави за време на телефонски брифинг Карен Донфрид, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

-Сега останува на алијансата да одлучи кои се следните потези што НАТО сака да ги преземе, дададе таа.

На брифингот, таа ја најави посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Летонија и Шведска следната недела.

Официјални лица на САД, НАТО и Украина во последно време алармираат на, „невообичаените“ движења на трупи на Русија во близина на Украина, сугерирајќи дека Москва можеби е подготвена да изврши напад врз својот сосед, обвинувања што Кремљ ги отфрли.

Запрашана дали Блинкен ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров додека е во Стокхолм, Донфрид рече дека нема никакви најави за тоа, но дека ќе следи известување во случај на договорена средба.