Членовите на американскиот Сенат го одобрија пакетот економска помош вреден 2.000 милијарди американски долари, чија цел е намалување на економските последици од новиот коронавирус во САД.

Предлог-законот беше поддржан од 96 членови на Сенатот и никој не гласаше против/

По Сенатот, во кој има републиканско мнозинство, Претставничкиот дом, каде демократите се мнозинство, треба да го донесе законот, в петок во девет часот наутро по локално време.

За да стапи на сила, документот, по неговото усвојување и во двата дома мора да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп.

Пакетот економска помош обезбедува 500 милијарди американски фонд за загрозената индустрија и слична сума пари што ќе им бидат исплатени директно на американските домаќинства – до 3.000 американски долари.

Предлогот вклучува и 350 милијарди американски долари заеми за малите бизниси, како и 250 милијарди американски долари помош за невработените.
Планирано е и издвојување од 100 милијарди американски долари за болници и здравствени системи.

Тоа е најголемиот пакет за помош што Конгресот воопшто го одобрил досега, и опфаќа речиси половина од годишните трошоци на американската Влада.

Извор: МИА