САД разработуваат мерки за поддршка на Бугарија по прекинот на испораките на гас од Русија, изјави помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид.
„Сакам јасно да кажам дека администрацијата на претседателот Џо Бајден во целост ја поддржува Бугарија“, рече Донфрид.
„Мислам дека нашата улога овде е да им помогнеме на Европејците да најдат алтернативни добавувачи. А, американскиот течен гас игра клучна улога овде“, истакна Донфрид.