Министерството за правда на САД официјално побара екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж од Велика Британија.

Според „Вашингтон пост“, барањето е испратено на 6 јуни.

Основачот на Викиликс беше уапсен на 11 април во Амбасадата на Еквадор во Лондон каде престојуваше седум години за да избегне апсење под обвинение за силување во Шведска.

Австралиецот, на возраст од 47 години, исто така беше уапсен во врска со барањето за екстрадиција во САД. Вашингтон го дефинира како закана за националната безбедност и сака да го изведе пред суд. На крајот на мај, американските власти покренаа уште 17 обвиненија против Џулијан Асанж.