Американскиот кошаркар Бредли Бил нема да патува на Олимписките игри во Токио затоа што бил во контакт со лице заразено со коронавирус. Американците влегоа во процес на барање замена за Бредли пред патувањето на Олимписките игри.

Селекцијата на САД досега одигра три натпревари како подготовка за Олимписките игри, во кои запишаа една победа против Аргентина, а загубија од Нигерија и Австралија. Американците ќе стартуваат на олимпискиот турнир на 25 јули, со натпревар против Франција.