САД обвинија ирански државјанин за подготовка на атентат врз Болтон

43

Министерството за правда на САД обвини член на иранскиот Корпус на стражите на исламската револуција, за наводна подготовка за убиство на Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на експретседател Доналд Трамп.

Според обвинението, осомничениот Шарам Пурсафи (45) кој е недостапен за американскиет власти и се наоѓа во Иран, се обидел да врбува лица да го убијат Болтон во Мериленд или во округот Колумбија.

Доколку биде зaдржан и осуден, Пурсафи се соочува со максимална казна од 25 години затвор и парична казна и до половина милион долари за користење внатрешни комерцијални објекти за организација на закажано убиство, за обезбедување или обид да обезбеди материјална поддршка и за меѓународен заговор за убиство.

Според официјални лица од Вашингтон, убиството на Болтон би било одмазда за американскиот атентат врз Касем Сулејмани кој во јануари 2020 година беше убиен во напад на дрон во Багдад.