Коронавирусот предизвика хаос во речиси цела Европа, но ништо поразлично не е ниту во САД.

Продолжението на сезоната во НБА лигата е под знак прашалник поради состојбата со коронавирусот. САД е една од  земјите со најмногу позитивни луѓе со вирусот Ковид-19, речиси и три пати повеќе од Италија во која починаа над 15.000 лица.

Ситуацијата е најкритична во Њујорк и генерално на источниот брег на САД, сепак, заразата се шири со неверојатна брзина во речиси сите сојузни држави.

Поради критичката состојба, сите спортски настани се под знак прашалник, вклучително и НБА. Иако беа оптимисти дека ќе ја продолжат сезоната, новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхорст, истакна дека челниците на лигата размислуваат да ја завршат сезоната.

  • Разговарав од обете страни и јасно дека НБА лигата размислува да ја заврши сезоната целосно. Тие не треба да го сторат тоа во моментов и моментално ги задржуваат сите опции во оптек. Воопшто не се разговара за потенцијално продолжување. Тие зборуваат за финансиските последици од откажувањето на сезоната, истакна Виндхорст.

Кина, која го стопираше ширењето на вирусот во земјата, ја откажа на неопределено кошаркарската сезона, па се очекува истото да го стори и САД.