САД најавија „строги“ нови санкции против руски официјални претставници и воената индустрија

23

Соединетите Американски Држави најавија нови „строги“ санкции против руски официјални лица и наменската индустрија во земјата, како одговор на декларацијата на Кремљ за анексија на четири области од соседна Украина.

Претставник на администрацијата на претседателот Џо Бајден изјави дека САД „насочуваат дополнителни санкции кон руски владини функционери и лидери, членови на нивните семејства, руски и белоруски воени претставници и мрежи за набавки на оружје, вклучително и меѓународни добавувачи кои го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс“.

Во соопштение на Белата куќа се нагласува дека сојузниците на САД од Групата Г7 поддржуваат санкции против секоја земја што го поддржува обидот на Кремљ за анексија на украински региони.