САД и официјално се повлекоа од СЗО

60

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го извести Конгрес и Обединетите нации дека САД и официјално се повлекуваат од Светската трговска организација (СЗО), потврди висок претставник на администрацијата за Си-Ен-Ен.

“Конгресот доби информација дека Трамп официјално ги повлече САД од СЗО, среде пандемијата. Тоа нема да ги заштити животите или интересите на Американците, тоа ќе ги остави Американците болни и Америка сама”, напиша демократскиот сенатор Роберт Менедез на Твитер.

Неименуван службеник на Стејт департментот, исто така, потврди за Си-Ен-Ен дека САД  „известувањето за повлекување, што во сила стапува на 6 јули 2021 година, му го доставиле на генералниот секретар на ОН, кој е надлежен за СЗО“.

Писмото упатено до ОН е многу кратко и содржи само три реченици, изјави добро-информиран извор за Си-Ен-Ен. Во него се споменува повлекување во рок од една година.

Трамп во мај го најави повлекувањето од СЗО, незадоволен од нејзините постапки за време на епидемијата на коронавирусот.

Извор:МИА